Возачот на Ред Бул, Макс Ферстапен стигна до нова победа во Ф1 шампионатот оваа сезона и тоа на трката за ГН на Катар.

Холанѓанецот немаше никакви проблеми на оваа трка и тргнувајќи од пол позицијата истата ја задржа до крајот на трката со мирно и сигурно возење.

Тој веќе ја обезбеди третата шампионска титула по ред во Ф1 уште на вчерашниот спринт откако го освои второто место.

Големо беше и славјето во таборот на Мекларен. Тие со двете места на подиумот на дебитантот Пиастри и Ландо Норис имаа далеку од успешен викенд зад себе.

Победникот на спринтот, Оскар Пиастри, заврши на второто место, а тимскиот колега Норис заврши трет.

Расел од Мерцедес иако стартуваше како втор, заврши на четвртата позиција. На стартот во борба за подобра позиција имаше судар со клубскиот колега Луис Хамилтон, кој пак не ја заврши трката.

До 10-тото место кое носи бодови се пласираа Леклер од Ферари, Алонсо, Окон, Ботас, Перез и Жу.

Следната трка се вози за две недели на 22 октомври кога на програмата е трката за ГН на Америка.