Малку под заборавено, но сеуште големо дерби е сараевското . 

Во некогашната Екс-Југославија, Сараево и Железничар беа екипи со реноме и тешки противници за екипите од „големата“ четворка. 

Но. Локалното дерби и сега привлекува огромно внимание кога во прашање е најдобрата фудбалска конкуренција во БиХ. 

Во рамките од 8.коло на босанската Премиер лига, вечерва пеколна атмосфера направија навивачите на двата тима на стадионот „Кошево“. 

Во дресот на Сараево настапува поранешниот македонски репрезентативец Даниел Аврамовски. Сараево важи за фаворит во дуелот со популарниот „Жељо“. 

Двата тима лошо играат на стартот на сезоната, а во пресрет на овој меч Сараево е петти, додека Железничар дури на седмото место,