Трката за ГН на Јапонија на патеката Мотеги не го доживеа крајот откако по само 12 круга мораше да биде прекината поради силен дожд.

Во тој момент Шпанецот Хорхе Мартин од тимот на Прамак Дукати беше лидер и на крајот ја однесе победата пред Бањаја од Дукати и Марк Маркез од тимот на Репсол Хонда.

На тој начин тој го комплетираше совршениот викенд, триумфирајќи во главната трка, спринт трката и во квалификациите.

Хорхе Мартин стигна до четврттата победа во кариерата, а трета оваа сезона во Мото ГП класата.

Најдобрата 10-ка ја заокружуваат, Безеки, Алеиш Еспаргаро, Милер, Фернандез, Џиантонио, Фернандез и Квартараро.

Со новите освоени бодови, Мартин сега уште повеќе му се приближи на Бањаја во генералниот пласман.

Па така сега разликата е само три бодови. Бањаја е лидер со 319 бодови, Мартин има 316, додека Безеки е трет со 54 поени помалку односно 265 бода.

Четвртти е Бред Биндер од КТМ со 201 бод.

Борбата за титулата допрва почнува, а до крајот на сезоната остануваат уште шест трки.

Првата на програмата е за две недели на 15-ти октомври на патеката Мандалика кога ќе се вози трката за ГН на Индонезија.