Во Првата македонска фудбалска лига денес ќе се одигра воведниот натпревар од деветтото коло. На стадионот во Ѓорче Петров, со почеток од 14 часот ќе се сретнат екипите на Македонија ЃП и Брера Струмица.

Екипата на Македонија ЃП не го започна првенството според планот и се наоѓа пред зоната за испаѓање. После 8 одиграни кола имаат само 8 освоени бода. Можеби за нив ова ќе биде добра шанса да ја искористат лошата форма на струмичани и да се изборат за победа.

Брера ветуваше многу после одличниот старт на сезоната, но сега не делува така. Струмичани имаа убиствен старт со 4 победи на 4 натпревари, меѓутоа на следните 4 натпревари не знаат за победа. Ги очекува тешко гостување кај екипата на Македонија ЃП, но шансите за триумф се поделени.

Останатите 5 натпревари од ова коло ќе се одиграат утре со почеток од 14 часот.

ПРВА ЛИГА – 9.КОЛО (14 часот)
Сабота
МАКЕДОНИЈА Ѓ.П. – БРЕРА СТРУМИЦА
Недела
ШКУПИ – СТРУГА ТЛ
СИЛЕКС – ВОСКА СПОРТ
ГОСТИВАР – ШКЕНДИЈА
РАБОТНИЧКИ – ТИКВЕШ
БРЕГАЛНИЦА – ВАРДАР

Standings provided by Sofascore