Кошаркарите на СЦ Дерби го победија Сплит на гости со 76:72, во премиерниот натпревар од новата сезона од АБА лигата. 

Сензационалниот освојувач на Суперкупот, потврди дека е во одлична форма.

Во првите три четвртини гледавме рамноправен дуел, во кој ниту една екипа не успеа да се одлепи и буквално беше кош за кош. По 30 минути игра беше 51:50 за гостите од Подгорица. 

Тие го отворија последниот дел со серија од 7:0 и првпат им „побегнаа“ на ривалите, што се покажа како решавачки момент на натпреварот.

Домаќините не можеа да го следат темпото на гостите, па СЦ Дерби безбедно и без неизвесна завршница дојде до победа.

Дробњак го предводеше црногорскиот тим со 15 поени, 7 скока и 4 асистенции. Го следеше Американецот, Докинс со 13 поени.

Најефикасен кај сплитскиот тим беше Канаѓанецот Стивенсон со 18 поени.