Екипата на Работнички во недела ќе биде домаќин на Тиквеш во натпревар од 9-тото коло од Првата фудбалска лига.

Левиот бек Дин Аломеровиќ вели дека атмосферата во тимот е позитивна и единствено  размислуваат за победа на претстојниот дуел.

„Го респектираме Тиквеш, тие покажаа дека се одличен тим, но и ние веруваме во своите квалитети и размислуваме за победа.

Ако го дадеме максимумот и ги исполниме тактичките замисли на шефот Милан Илиевски, верувам дека можеме да ги освоиме трите бода.

Нема да биде лесно, но ние сме максимално мотивирани за успех“, вели Аломеровиќ.

Работнички игра многу применливо и со 10 бодови е на е на 6.место на табелата веднаш зад Тиквеш.

Кавадарчани кои имаат три бодови повеќе се во низа од две победи и сакаат истата да ја продолжат.

Неделниот натпревар што ќе почне во 14 часот, ќе се игра на стадионот „Борис Трајковски“ во Маџари.