Нови и тоа два гола, постигна македонскиот репрезентативец Бојан Миовски.

Миовски беше стрелец на првиот и последниот гол за Абердин во победата од 4-0 над Рос Каунтри.

Тој во 21-та минута го отвори резултатот, а во 52-рата ја затвори серијата.

Во меѓувреме, Дук во 42-та зголеми на 2-0, а Мекградт во 48-та по асистенција на Миовски беше стрелец на третиот гол.

Нашиот репрезентативец има четири гола на петте натпревари во шкотското првенство.

Абердин конечно се израдува на првата победа, па сега е претпоследен на табелата.