Во второто коло од женската Супер лига екипата на Скопје го пречека тимот на Вардар.

Вардарки лесно стигнаа до победата, славејќи со 35:19.

Се играше израмнето се до седмата минута кога екипата на Вардар со серија од 3-0 поведе со 7:4.

Црвено-црните продолжија да ја зголемуваат предноста па во 16-тата минута имаа водство од +8 (13:5). Вардар ја зголемуваа предноста и полувреме резултатот беше 23:8.

Во втората половина Вардар не дозволија домашната екипа да ја намали негативата.

Во 38-та минута ја зголеми предноста на 27:12. Конечниот резултат беше 35:19.

Најефикасна од победничкиот тим беше  Ивона Трпевска со тринаесет погодоци ,додека од екипата на Скопје Равојска Јана даде шест гола.

Ивона Кимовска