Македонскиот првак Еурофарм Пелистер утре го започнува настапот во Лигата на шампионите.

Пелистерци пред својата публика во Битола, ќе го доиграат првиот натпревар во елитната конкуренција.

Доаѓа силниот норвешкиот тим Колштад, кој во своите редови има шестмина репрезентативци, предводени од фантастичниот Сагосен.

Jасно му е на тренерот Александар Јовиќ дека ги очекува тежок меч, но смета дека заедно со навивачите на крај ќе се радуваат.

„Колштад е екстра квалитетна екипа, која во своите редови има шест норвешки и еден исландски репрезентативец.

Колштад игра екстра динамична игра и мислам дека ќе биде задоволство да се натпреваруваме со нив.

Верувам дека ќе се прикажеме во најдобро светло оваа сезона, пред нашата публика, во нашата реновирана сала и дека на крајот заедно ќе се радуваме“,

изјави Јовиќ.

Натпреварот Еурофарм Пелистер – Колштад ќе се игра утре со почеток од 18.45 часот.