Фудбалската репрезентација на Македонија ги продолжува квалификациите за Европското првенство. На Националната Арена „Тодор Проески“ гостува репрезентацијата на актуелниот европски првак, Италија.

После високиот пораз од Англија, репрезентативците ги очекува уште еден многу тежок натпревар. Овој натпревар доаѓа после два болни порази, но јунаците во тешко се познаваат.

Репрезентацијата на Италија ќе бара одмазда за поразот во Палермо, пораз полсе кој останаа без учество на Светското првенство. Ако тогаш можеше да се случи чудо, зошто да не се надеваме дека и вечерва ќе може да се случи.

За Италија ова ќе биде трет натпревар, а имаат учинок сличен на нашиот, пораз од Англија и победа над Малта.

До сега Македонија и Италија имаат одиграно три натпревари, по една победа за двете селекции и еден натпревар заврши без победник.

На првиот натпревар во Скопје, Италија стигна до победа во 92-минута со голот на Чиро Имобиле и направи целосен пресврт (3:2).

Во Италија во два наврати кобен за домаќините беше Александар Трајковски. На првиот натпревар стрелаше за 1:1 и донесе голем бод за Македонија, додека во вториот за победа од 1:0 и им го нанесе можеби еден од најболните порази на Италија.

Натпреварот ќе се одигра денес во Скопје, со почеток од 20:45 часот.