Двојната македонско-италијанска пресметка на спортските терени денеска ја започнуваат одбојкарите.

На 33-тото Европското првенство за денеска на програмата се четири натпревари од осминафиналето.

Меѓу нив и дуелот Македонија – Италија.

Откако македонските одбојкари се изборија за 4.тото место, и се вброија меѓу 16-те репрезентации на Европскиот шампионат, тие денеска се пред невозможна мисија.

Противникот во осминафиналето е апсолутен фаворит. Италија е актуелен светски и европски шампион, а воедно и ко-домаќин на овој шампионат.

Јасно им е на нашите одбојкари дека во мечот со Азурите нема што да бараат. Затоа сите се едногласни, во овој дуел кој е е меч на нивните кариери, може само да го дадат максимумот и едноставно да уживаат.

Натпреварот меѓу Македонија и Италија што ќе се игра во Бари со почеток од 18 часот, е вториот од денешната.

По завршувањето на сите четири натпревари ќе бидат познати уште два пара за четвртфиналето, за кое вчера се изборија Франција и Романија.

ЕВРОПСКО ПРВЕНСТВО – ОСМИНАФИНАЛЕ
денеска
16:30 СЛОВЕНИЈА – ТУРЦИЈА
18:00 ИТАЛИЈА – МАКЕДОНИЈА
19:30 ПОРТУГАЛИЈА – УКРАИНА
21:00 ХОЛАНДИЈА – ГЕРМАНИЈА
утре
18:00 СРБИЈА – ЧЕШКА
21:00 ПОЛСКА – БЕЛГИЈА
вчера
ХРВАТСКА – РОМАНИЈА 2-3
ФРАНЦИЈА – БУГАРИЈА 3-0