Македонија вечерва ја пречекува Италија во квалификациите за ЕУРО 2024-та.

Со кои единаесетмина ќе започне селекторот Благоја Милевски ќе мора да почекаме и видиме пред стартот на мечот.

Милевски на вчерашната прес конференција најави дека сигурно ќе го нема Дарко Велковски, а најверојатно и Аријан Адеми!?

„За жал Дарко почувствува болки во ногата на претходниот тренинг, неизвесен е за утрешниот меч.

Трајковски делува мотивирано и физички подготвен да се стави во функција на тимот.

Познавајќи ги двајцата, имаат уште што многу да понудат на овој тим, како што впрочем и во минатото биле и се вложувале максимално во репрезентацијата.

Ситуацијата со Аријан е таква како што е, но верувам дека ќе биде на располагање“,

изјави Милевски.

Адеми вчера и официјално повторно се врати во Динамо Загреб. Проблемите околу неговиот трансфер се решени. Но. Големиот борец, најверојатно ќе го прескокне дуелот со Италија, имајќи во предвид дека изминатиот период имаше и мала повреда.

Ако не вечерва, Адеми во вторник ќе биде на располагање за гостувањето кај Малта.