По пет долги и неизвесни сета во Брисел, Турција ја совлада Србија со 3:2 во сетови и за првпат во историјата стана шампион на Европа.

Во крајно неизвесен дуел Турчинките направија помалку грешки. Ја имаа исклучително расположена Мелиса Варгас и на крајот повеќе среќа, за триумф над Србија и златниот медал на ЕП.

Во два наврати Србинките имаа водство. Гидобија првиот и третиот сет со  27:25, 25:22, а Турција возврати во вториот и четвртиот со 21:25 и 22:25.

Во решавачкиот трет сет Турчинките кои ја имаа публиката во Брисел на своја стана, успеаја да направат комплетен пресврт.

За тоа најзаслужна е натурализираната Кубанка, Мелиса Варгас, која освои  42 поени и беше најзаслужна за триумфот и го освои признанието МВП.

Турција го доби петтиот сет со 15:13, финалето со 3-2, а со тоа и шампионскиот трофеј. Со овој триумф турската селекција ја потврди својата доминација, откако претходно триумфираше и во Светската лига.

За Србинките утеха е што го освоија седмиот медал на последните девет европски првенства.

Бронзата и припадна на Холандија која во дуелот за 3.место беше подобра од сега веќе екс европскиот првак  Италија со убедливи 3-0.