На Светското кошаркарско првенство денеска е слободен ден.

Откако вчера ги дознавме сите четвртфинални двојки, познат е распоредот и саатницата на одигрување на натпреварите.

По два натпревари ќе се играат утре и во среда.

Програмата ја отвораат Србија и Литванија, по што ќе играат САД и Италија. За во среда закажани се натпреварите, Германија – Летонија и Словенија – Канада.

Борбата за медали ќе започне во петок со полуфиналните натпревари, а распределбата е во недела која ќе се игра дуелот за 3.место и финалето.

ЧЕТВРТФИНАЛНИ НАТПРЕВАРИ
ВТОРНИК
10:45 ЛИТВАНИЈА – СРБИЈА
14:40 ИТАЛИЈА –САД
СРЕДА
10:45 ГЕРМАНИЈА – ЛЕТОНИЈА
14:30 КАНАДА – СЛОВЕНИЈА

ПОЛУФИНАЛЕ (петок – 8 септември)
Литванија / Србија – Канада / Словенија
Италија / САД – Германија / Летонија

ФИНАЛЕ (недела – 10 септември)
за 3-то место
Финале