Екипите на РК Вардар и Рајн Некар Левен денес го одиграа вториот натпревар од квалификациите за ЕХФ Лигата на Европа.

фаворизираниот германски тим, повторно го совлада Вардар, сега со 37:33.

Натпреварот стартуваше со израмнет резултат се до седмата минута, кога екипата на Вардар со серија од 2-0 успеа да поведе со 7:5. Вардарци водеа се до 12-тата минута (8-7).

Во продолжението домаќините направија пресврт, а во 22-та минута има аи најголеми +4 (15-11). Црвено-црните не се откажаа, па на пауза се замина со израмнет резултат 17-17.

Втората половина започна со водство од 20:18 за Рајн Некар Левен. Домашната екипа успеа да ја одржи оваа предност во првите десет минути.

Во 44-тата, црвено-црните израмнија на 25:25. Но, домаќинот не дозволи комплетен пресврт, па со серија 4-0 во 54-тата минута поведоа со 32:28. Фаворитите рутинирано ги одработија завршните минути и на крајот славеа со конечни 37:33.

Најефикасен од екипата на Вардар беше Милан Лазаревски со седум гола, додека Јагуриновски и Петриќ дадоа по шест погодоци.

Со двата порази од Р.Н. Левен, Вардар го заврши својот настап на европската сцена, на која допрва во групната фаза ќе играат Еурофарм Пелистер (Лига на шампиони) и Алкалоид (Лига на Европа).

Ивона Кимовска