Макс Верстапен од Ред Бул победи на 14-тата трка во Формула 1 што се возеше во Италија на патеката Монца.

И покрај пол позицијата на Саинц од Ферари и водството во првите неколку круга, сепак Верстапен го мина и до крајот на трката со сигурно возење стигна до нова 12-та победа во сезоната и рекордна 10-та победа по ред.

На тој начин холанѓанецот стана единствениот ф1 возач кој успеал да победи на 10 трки по ред во една сезона. Така го надмина Себастијан Ветел кој имаше 9 триумфи по ред во истиот болид на Ред Бул.

Победата на Ред Бул ја потврди и Перез, клубскиот колега на Макс од Ред Бул за еден-два победа на австрискиот тим.

Трет заврши Карлос Саинц од Ферари кој водеше голема битка со својот клубски колека Леклерк во борба за место на подиумот.

Петти заврши Расел од Мерцедес, па следуваат Хамилтон, Албон, Норис, Алонсо и Ботас во најдобрата 10-ка која освојува бодови.

Најбрз круг извозе Оскар Пиастри од тимот на Мекларен и си освои еден бод.

Во генералниот пласман Верстапен води со 364 бода. Перез е втор со 219, Алонсо е трет со 170, Хамилтон 164 и Саинц со 117 бода.

Со трката во Монца, Италија заврши сезоната 2023 во Формула 1 на европско тло.

Па така следната трка се вози за две недели на 17-ти септември. На програмата е 15-тата трка на патеката Марина Беј за ГН на Сингапур.

Карлос Саинц од Ферари до прва пол-позиција сезонава на домашната трка во Монца