Репрезентацијата на САД е првата која обезбеди пласман во четврт-финалето на Светското првенство.

Американците со победата над Црна Гора 85-73, стигнаа до вкупно осум бодови во „Ј“ групата, па независно од останатите натпревари, тие ќе завршат меѓу двете првопласирани.

Иако Црногорците беа конкурентни се до завршните три минути, сепак Американците не дозволија изненадување.

На, чекор до четврт-финалето е и Германија која беше убедлива во дуелот со Грузија и славеше со 27 разлика (100-73).

Сепак нивниот пласман ќе зависи и од вториот натпревар во „К“ групата во кој попладнево ќе играат Словенија и Австралија кои имаат бод помалку.

Во последната група „Л“, во тек е дуелот меѓу актуелниот светскиот првак Шпанија и селекцијата на Летонија.

ОДМИНАФИНАЛНА РУНДА – 1. КОЛО
ИТАЛИЈА – СРБИЈА 78-76
ГЕРМАНИЈА – ГРУЗИЈА 100-73
САД – ЦРНА ГОРА 85-73
ШПАНИЈА – ЛЕТОНИЈА на полувреме 32-29

ТАБЕЛИ:
И група: ДОМИНИКАНСКА РЕПУБЛИКА 6, СРБИЈА 7, ИТАЛИЈА 7, ПОРТОРИКО 5,
Ј група: *САД 8, ЛИТВАНИЈА 6, ЦРНА ГОРА 7, ГРЦИЈА 5.
К група: ГЕРМАНИЈА 7, СЛОВЕНИЈА 6, АВСТРАЛИЈА 5, ГРУЗИЈА 5.
Л група: КАНАДА 6, ШПАНИЈА 6, БРАЗИЛ 5, ЛЕТОНИЈА 5.
* пласман во четврт-финале