Ракометната Федерација на Македонија (РФМ), ја реализира својата одука да ги награди  репрезентациите за нивните успешни настапи.

По претходно донесена одлука на РФМ, ја исплати наградата од 2.милиони денари на сениорска, односно 1.милион на кадетската репрезентација.

Премиите се однесуваат на обезбедениот пласман на сениорите на Европскиот шампионат, односно 9.место на кадетите на Мундијалот. 

„Македонската сениорска репрезентација се пласира на ЕП 2024 во Германија, освојувајќи го 2-то место во групата покрај репрезентациите на Португалија, Луксембург и Турција и го задржа континуитетот за настап на завршниот континентален турнир по 8-ми пат.

Машката кадетска ракометна репрезентација со прикажаните одлични настапи на Светското првенство за ракометари до 19-години, а веќе следната година ги очекува учество на Европското за играчи до 20-години“.