Со одигрувањето на последните четири натпревари комплетирано е последното од 3-то коло од групната фаза. Со тоа познат е и списокот на 16 репрезентации кои ќе играат во осминафиналната рунда на Светското првенство. 

Словенците си го потврдија првото место во групира со победата над Зеленортска Република. Истото го стори и Шпанија која го надигра Иран.

Порторико со триумфот над Кина заврши како втор зад Србија во Б групата.

Директната пресметка за втората позиција во Ц конкуренцијата меѓу Грција и Нов Зеланд им припадна на нашиот јужен сосед.

ПОСЛЕДНО – 3.КОЛО (СРЕДА)
СЛОВЕНИЈА – ЗЕЛЕНОРТСКА РЕПУБЛИКА 92-77
КИНА – ПОРТОРИКО 89-107
ГРЦИЈА – НОВ ЗЕЛАНД 83-74
ИРАН – ШПАНИЈА 65-85
СРБИЈА – ЈУЖЕН СУДАН 115-83
ГРУЗИЈА – ВЕНЕЦУЕЛА 70-59
САД – ЈОРДАН 110-62
БРАЗИЛ – БРЕГ НА СЛОНОВА КОСКА 89-77

А група: Доминиканска република 6, Италија 5, Ангола 4, Филипини 3.
Б група: Србија 6, Порторико 4, Јужен Судан 4, Кина 3.
Ц група: САД 6, Грција 5, Нов Зеланд 4, Јордан 3.
Д група: Литванија 6, Црна Гора 5, Египет 4, Мексико 3.
Е група: Германија 6, Австралија 5, Јапонија 4, Данска 3.
Ф група: Словенија 6, Грузија 4, Зеленортска Република 4, Венецуела 3.
Г група: Шпанија 6, Бразил 5, Брег на Слоновата коска 4, Иран 3.
Х група: Канада 6, Летонија 5, Франција 2, Либан 0.

Пласман во осминафиналната рунда (по групи) ќе обезбедија првопласираните две селекции.

Таму ќе бидат формирани нови четири групи со по четири репрезентации. Во нив ќе се одиграат по две коло, а репрезентациите пренесуваат бодови од првата фаза.

Селекциите од А ќе разигруваат со репрезентациите од Б групата, односно Ц со Д, Е со Ф и Г со Х.

По ист принцип останатите 16 селекции ќе разигруваат за пласман од 17 до 32 место.

СЕ ЗА СВЕТСКОТО КОШАРКАРСКО ПРВЕНСТВО