Македонските одбојкари се во завршната фаза од подготовките за Европското првенство кое стартува во понеделник во Италија.

Но, нашиот национален тим првиот дуел во Скопје во СЦ „Борис Трајковски“ го игра со Данска на 30.август (среда).

Во тек се последните тренинзи, под будното коло на селекторот Јошко Миленковски и неговиот стручен штаб.

Ова е навистина „долго“ лето за нашиот тим.

Одигравме во Златната Европска лига, тоа беа квалитетни натпревари со силни ривали.

Ова за Македонија е трето Европско првенство, за мене второ, но првпат ќе играме на домашен терен.

Еуфоријата е на високо ниво. Мислам дека сме зрели веќе да стигнеме до посакуваното осминафинале (пласман во следната фаза).

Ова е веќе искусен тим. Најубаво е кога се игра пред полни трибини особено на домашен терен. Тоа може да биде „ветар во грб“ на секој натпревар и со помош на публиката да стигнеме до посакуваниот резултат“,

изјави Филип Савовски.

Македонската репрезентација покрај со Данска ќе игра и против Црна Гора (2.септември), Полска (3.септември), Холандија (5.септември) и Чешка (6.септември).