Дека не се се „мед и млеко“ во мак-фудбалот тоа одлично го знаеме. Како потврда за тоа најдобро говори свиканата средба за утре, на која селекторот на најдобрата репрезентација Благоја Милевски ќе се „соочи’“ со Управниот одбор.

Милевски во последно време е на „тапет“ на јавноста. Често пати се пишува за негова смена, сега ќе треба да објаснива за „обвинувањата“ на капитенот.

Вчера, Стефан Ристовски објави дека се повлекува од репрезентацијата поради, лошата атмосфера и нарушените односи со селекторот.

Според најавите. Седницата на УО на која ќе се разгледуваат последните активности на репрезентацијата, е закажана за утре во 13 часот.