Македонската репрезентативка Леонида Гичевска од следната сезона ќе биде дел од Романскиот клуб Стинта Букурешт.

За Гичевска ова е нов интернационален предизвик откако претходната сезона играше во Франција во Безансон.

Таа игра на позицијата лев бек. Романскиот клуб Стинта се натпреварува во Прва лига.

Освен Леонида во Стинта потпишаа и кружниот напаѓач Адина Карлигеану, Ребека Геамну и Итана Чавловиќ. 

Леонида има играно во Македонските клубови Вардар Јуниор, Вардар, Металург и Куманово.

Во Франција освен за Безансон Гичевска има настапувано и за Ле Пузен. Таа беше дел и од хрватскиот клуб Локомотива Загреб со кој играше во Лигата на шампионите.

Во Романија следната сезона во втората лига ќе играат и репрезентативките Мицевска, Саздовска и Дабевска.

Ивона Кимовска