Најдобрата машка одбојкарска репрезентација на Македонија победа го почна „мини“ турнирот во Кавадарци.

Во првиот од четирите натпревари колку се предвидени на турнирот во салата „Јасмин“, Македонија го победи Израел со 3-2 во сетови.

Победата е дотолку послатка, што избраниците на селекторот Јошко Миленковски покажаа победнички карактер.

Имаа негатива од два сета, црвено-жолтите, откако Израелците ги добија со (17:25 и 22:25).

Дека ќе има уште многу да се игра нашите одбојкари најавија добивајќи го третиот сет со 25:22. Во четвртиот беа уште по убедливи со 25:19. Тоа им даде „крилја“ па решавачкиот трет сет го решија со 15:10, за конечни 3-2 за Македонија.

Со истиот противник македонските одбојкари ќе играат во во недела, а утре од 20 часот следува дуелот против Јапонија.

Овие натпревари се дел од подготовките за претстојното ЕП чиј ко-домаќин е и нашиот главен град.