Македонската фудбалска и спортска легенда, Горан Пандев во четврток ќе полни 40 години.

Својата 40-ка популарниот „Гоче“ ќе ја одбележи и на стадионот на СЦ „Академија Пандев“. 

Од струмичкиот клуб Бреара Струмица, чиј претседател е Пандев, информираат дека за во четврток е предвиден голем „хепеникг“. 

Ќе биде организиран „Отворен фудбалски ден“ на кој, сите присутни ќе можат да се дружат со Пандев, а воедно да го запознаат клубот. 

Така сите деца, можат да видат и да се информираат како да станат дел од фудбалското семејство на Брера Струмица.  Настанот е планира терминот од 9 до 11 часот.