Следните две финалиња на Конференциската лига ќе се одржат во грчката престолнина Атина и Вроцлав, Полска, соопштија од седиштето на УЕФА.

Минатата сезона Вест Хем и Фиорентина се бореа за трофејот во Прага , а следниот решавачки натпревар ќе го одиграат на стадионот на АЕК кој има капацитет од 31.000 гледачи, додека во 2025 година финалето ќе се игра на стадионот Сласк, кој може да прим 10.000 гледачи повеќе.

Со овие одлуки УЕФА покажа дека го слуша гласот на навивачите на кои им пречеше тоа што претходните две финалиња од ова натпреварување се играа на стадиони со капацитет не поголем од 20.000 гледачи, па голем број на поддржувачи на клубовите кои се бореа за трофејот останаа без драгоцено парче хартија.

Исто така, УЕФА објави дека финалниот натпревар од Лигата на шампионите во женска конкуренција во 2025 година ќе се одржи во Португалија, односно Лисабон.