Македонскиот ракометен првак тимот на Еурофарм Пелистер и официјално ќе биде дел од елитната Лига на шампиони.

Имено, Европската ракометна федерација (ЕХФ) го објави комплетниот список на екипи кои во наредната сезона ќе бидат дел од елитното натпреварување.

Еурофарм Пелистер е еден од десетте тима кои имаа сигурно место во Лигата на шампоните во која покрај новиот првак Магдебург и неговиот германски ривал Кил се и екипите на: ГОГ Гудме (Данска), Барселона (Шпанија), ПСЖ (Франција), Веспрем (Унгарија), Киелце (Полска), Порто (Португалија) и Целје Пивоварна Лашко (Словенија).

Така-наречени вајл-карти побараа десет екипи, а шесте од нив кои добија шанса се: ППД Загреб (Хрватска), Алборг (Данска), Монпеље (Франција), Пик Сегед (Унгарија), Колштад (Норвешка) и Висла Плок (Полска).

Пелистерци своите противници ќе ги дознаат на ждрепката закажана за седум дена (27 јуни).