Македонските претставници во третото по квалитет клупско натпреварување УЕФА Конференциска лига ги дознаа своите противници во првата квалификациска рунда.

Освојувачот на Купот екипата на Македонија Ѓорче Петров својот настап ќе го започне на домашен терен со дуелот против летонската екипа РФС Рига.

Тетовска Шкендија за противник ќе го има тим на Хавервордвест од Велс, против кога првата средба ќе ја игра на домашен терен.

Противник на Шкупи ќе биде екипата на Хегелман од Литванија против која чаирчани првиот натпревар ќе го играат на гостински терен.

Првите натпревари ќе се играат на 13, а реванш дуелите на 20 јули.