Во натпреварот за третото место се сретнаа екипите на Барселона и ПСЖ.
Екипата на Барселона го совлада тимот на ПСЖ со 37:31 и го освои третото место на завршниот фајнал-фор турнир.
Во првите минути, резултатот беше израмнет. Барселона со серија од 3-0 успеа да поведе со 9:6. Шпанците постепено ја зголемуваа разликата и во 15-тата минута имаа седум гола предност. Во оваа половина, Барселона прикажа поквалитетна игра и целосна контрола, па на полувремето резултатот беше 22:13.
Во втората половина Барселона само ја одржуваа предноста сепак ПСЖ се обидуваа да ја намалат негативата но не успеаја. Па во 35-тата минута Барселона имаа +10. Па до крајот на натпреварот Шпанците имаа целосна контрола. Крајниот резултат беше 37:31.
Најефикасен од победничкиот тим беше Јанц Блаж со седум погодоци, а од поразената екипа Нтанзи имаше исто толку.

Ивона Кимовска