Викендов актуелен ќе биде и ракометот. Традиционално во „Ланксес Арена“ во Келн. се игра завршниот „фајнал-фор“ турнир од ракометната Лигата на шампионите на кој се пласираа екипите на Магдебург, ПСЖ, Барселона и Киелце.

Во првото полуфинале ќе се сретнe бранителот на титулата Барселона и екипата на Магдебург. Натпреварот е закажан со почеток од 15:15 часот. Актуелниот шампион Барселона е единствениот тим што до завршницата стигна непоразен, па затоа шпанскиот тим и годинава важи за фаворит за трофејот.

Во второто полуфинале ќе играат тимовите на ПСЖ и Киелце. Овој натпревар ќе започне во 18 часот.

Францускиот гигант никогаш не го освоил шампионскиот. најблиску до тоа беше во 2017 година, кога во финалето загуби од Вардар. Полскиот тим Киелце пај минатата година ја почувствува горчината на поразот во финалето кога загуби од Барселона и тоа на пенали.

натпреварите за пласман на програмата се утре и тоа, натпреварот за третото место ќе се игра со почеток од 15:15 часот, а за шампионската титулата, односно финалето е закажан во 18 часот.

Ивона Кимовска