Време е за победа на Македонија по трите порази од Украина

Репрезентациите на Македонија и Украина вечерва на арената „Тодор Проевски“ во Скопје ќе го одиграат првиот меѓусебен дуел во квалификациите за Европското првенство 2014-та во Германија.

Тоа ќе биде вкупно шестиот меѓусебен натпревар на овие две селекции. За жал традицијата е на страна на Украинците кои на последните три дуели славеа победи. Последната во Будимпешта на дебито на Македонија на Европскиот шампионат.

Играа Македонија и Украина и во квалификациите за Европското првенство 2016-та што се одржа во Франција, и тогаш Украинците беа подобри добивајќи ги двете средби.

Единствениот триумф на црвено-жолтите е на пријателскиот натпревар во Скопје 2024-година кога славевме со 1-0, а првиот воопшто натпревар заврши без голови 0-0.

Головите од сите досегашни натпревари можете да ги видите со едноставен клик на резултатот

«Претстојни натпревари
14.10.23  ЕП Квали. 2024 GER             Украина        15:00    Македонија
16.06.23  ЕП Квали. 2024 GER             Македонија   20:45    Украина
«Претходно одиграни натпревари
17.06.21 ЕП 2020 HUN                        Украина         2 – 1    Македонија
15.09.10  ЕП Квали. 2016 FRA             Македонија    0 – 2    Украина
10.12.14  ЕП Квали. 2016 FRA             Украина         1 – 0    Македонија
31.03.04  Пријателска                        Македонија    1 – 0    Украина
10.11.03  Пријателска                        Украина         0 – 0    Македонија