По неполни 3 месеци пауза, европските репрезентации ќе продолжат со квалификациите за Европското првенство кое ќе се одржи следната година (2024) во Германија.

Во натпреварите од групата Б, Франција како лидер на табелата му гостува на нискорангираниот Гибралтар, додека Грција ја пречекува Ирска.

Нашата репрезентација во групата Ц има пред себе тежок натпревар на домашен терен со Украина, а фаворитите во оваа група, Англичаните, ќе патуваат во Малта.

Во групата Д, Велс на домашен терен ќе ги одмери силите со незгодните Ерменци, а во вториот натпревар од групата, Турција и гостува на Латвија. Првопласираната во групата Х, Словенија, и гостува на Финска, Данците по пораз од Казахстан, на домашен терен ќе играат против Северна Ирска, а мотивираните играчи на Казахстан ќе патуваат во Сан Марино.

Последните 3 натпревари се од групата И, репрезентацијата на Швајцарија на гостински терен ќе се справува со Андора, Романија му гостува на Косово, а Белорусија на домашен терен го пречекува Израел.

Натпреварот Финска – Словенија започнува од 18:00 часот, а сите останати натпревари на програмата се од 20:45 часот.