Американците ја добија „војната“ во Вегас со Мексиканците

Репрезентациите на САД и Канада ќе играа во финалето на Лигата на нациите на КОНКАКАФ.

Ова е епилогот по одиграните полуфинални натпревари во кои Канаѓаните со головите на Давид (25) и Дејвис (70-минута) ја победија Панама, додека Американците и Мексиканците водеа „војна“ во Лас Вегас во второто полуфинале, кое домаќините го добија со 3-0.

Сепак она што го одбележа овој натпревар беа бројните инциденти па и тепачки меѓу фудбалерите, за што Судијата Бартон од Ел Салвадор, подели четири црвени и девет жолти картони.

Финалето ќе се игра во понеделник во 2:30 часот.