Женската одбојкарска репрезентација на Македонија по трите домашни натпревари во рамките на А групата од Сребрената Европска лига ја очекуваат три гостински дуели. Секако ова е можност за дополнително воигрување на нашите одбојкарки кои по подолга пауза повторно се на европската сецна.

Македонските одбојкарки попладнево во Тарту гостуваат кај лидерот во групата селекцијата на Естонија, која е апсолутен фаворит во групата. Следниот дуел Македонија го игра на гости кај Летонија на 14.јуни, а во последното коло гостува кај Австрија на 17.јуни.

Табела по 3.коло: Естонија 9 бодови, Австрија 6, Летонија 3, Македонија 0.