Лидерот во генералниот пласман и актуелен светски шампион, Макс Верстапен од Ред Бул по четвртти пат сезонава ќе стартува од пол-позицијата.

Викендов во Барселона, Каталонија се вози седмата трка во Формула 1 шампионатот, за ГН на Шпанија.

На Верстапен му беше доволно само еднаш да излезе во последниот дел од квалификациите и да го извози најдоброто време од 1.12.272 минути што беше недостижно за останатите конкуренти кои не беа ниту близу до летечкиот холанѓанец.

Од второто место ќе стартува Карлос Саинц од Ферари кој заостана скоро половина секунда од возачот на Ред Бул, а на третото место и на подиумот се пласираше Ландо Норис од Мекларен.
До 10-тата позиција се пласираа и Гасли од Алпин, хамилтон заврши 5-ти, Строл беше 6-ти, па следуваат Окон, Хулкенберг, Алонсо и Пиастри.

Лоши квалификации имаше ланскиот освојувач на пол-позицијата Шарл Леклерк кој заврши на 19-тото место.
Вториот возач на Ред Бул исто така имаше лош пласман, Серхио Перез кој утре ќе стартува од 11-тото место.

Стартот на трката за Големата награда на Шпанија, на патеката во Барселона, Каталонија е закажан за 15 часот.

Томислав Атанасовски