Жозе Мурињо не можеше да се помири со поразот на неговата Рома од Севиља во финалето на Лигата на Европа. 

Португалецот, повторно направи нему својствен гест. 

„Специјалниот“ го поклони сребрениот медал на едно дете присутно на „Пушкаш Арената“. 

Запрашан за неговото потег по мечот, Мурињо кратко одговори.

„Не ги чувам сребрените медали, секогаш ги подарувам, а златните се во мојата колекција“.