Машката македонската одбојкарска репрезентација ја оствари првата победа во својата дебитантска сезона во Европската Златна лига. Синоќа во Скопје,  нашите одбојкари ја победија Белгија, со што најавија дека и во ова натпреварување сепак можеме да атакуваме на триумфи.

Повратникот на селекторското место Јошко Миленковски не го криеше задоволството, но и возбудата од овој триумф, па најави дека со ист ваков пристап и игра на високо ниво, а зошто да не се бориме и за нова победа во следниот меч до Хрватска.

Дуелот со Хрватите е закажан за во сабота од 20.15 часот во СЦ „Борис Трајковски“.