Селекторот на Македонија, Благоја Милевски на средбата со новинарите ги изнесе своите очајувања за претстојните два натпревари во Украина и Англија во Скопје и Манчестер, а истовремено даде и образложенија за изборот на повикани фудбалери.

„Да зборуваме за натпреварувачката форма е неблагодарно. Јас ги погазувам принципите кои ги воведов, дека ќе бидат повикани тие што играат и се во најдобра форма, но во моментов ако се водам по тоа 70% од играчите не би биле викнати, но располагаме со скромен фонд на фудбалери“, истакна Милевски.

Што се однесува на противниците, селекторот вели одиме од натпревар во натпревар.

„Сконцентрирани сме на натпреварот со Украина, а за Англија ќе размислуваме по него. Како анализа за дуелот го зедовме натпреварот од Европското првенство. Украинците играат со 90% ист состав, со неколку измени. Дури и да дојде до промена на селекторското место, играчите се тие, повиканите.
Кога играте со вакви противници, каде што квалитетот е на највисоко ниво, мора да имате една цел. Мора да се оди на победа, бидејќи во денешниот фудбал нема апсолутни аутсајдери“, изјави Милевски.

Првиот натпревар Македонија ќе го игра в Скопје на 16 јуни против Украина, а три дена подоцна (19 јуни), во Манчестер и гостуваме на Англија.