Женска одбојкарска репрезентација на Македонија со пораз го започна своето деби во Европската Сребрена лига. Нашите одбојкарки кои по подолг период одново се на меѓународната сцена, се поразени од селекцијата на Австрија со 3:0 во сетови.

На натпреварот од воведното прво коло на групата А, што се одигра вечерва во спортскиот центар „Борис Трајковски“ македонските одбојкарки иако покажаа голема желба, сепак видлива беше и тремата од првиот настап во една ваква конкуренција како што е Сребрената лига.

Сепак тоа не беше доволно да се изненади противничкиот состав кој беше подобар со 25-15, 25-20 и 25-15.

Во првиот натпревар од нашата „А“ група Естонија ја победи Летонија со 3:1.

Токму Летонките се следен противник на наште одбојкарки на мечот закажан за во среда (31 мај) повторно во СЦ „Борис Трајковски“ каде македонските одбојкарки ќе го одиграат и третиот меч и тоа следната сабота (3 јуни) против Естонија.