Екипата на Марсеј се оддалечи од директен пласман во Лигата на шампионите следната сезона. Со пораз од Лил од 2:1, Марсеј речиси ја губи трката за второто место со Ленс.

Иако во првото полувреме Марсеј имаа и водство од 1:0, до кое дојдоа со голот на Џонатан Клаус.

Се пропадна во второто полувреме. Џонатан Дејвид од пенал во 49.та минута изедначи на 1:1. Лил тргна многу посериозно по тој гол. Алексис Санчез постигна гол во 61.та минута, кој поради офсајд беше поништен од страна на Вар. Резултатот на 2:1 го завери Џонатан Бамба во 72.та минута.

Со оваа победа, избраниците на Пауло Фонсека дојдоа до скоро сигурен пласман во Конференциската лига, и борба за Лига Европа, каде што ќе треба да чекаат „кикс“ на Монако.

Лил се на 5.та позиција со 63 бодови, 2 помалку од четвртопласираниот Монако, додека Марсеј по 36 одиграни кола е на 3.то место во францускиот шампионат со 73 бодови.

Андреј Велјаноски