Македонскиот репрезентативец Дориан Бабунски беше јунакот на својата екипа Дебрецен која со 3:1 забележа победа на гостувањето кај Ференцварош. 

Новиот унгарски шампион Ференцварош имаше предност од 1:0 по првото полувреме, но Бабунски со два гола во само четири минути направи комплетен пресврт. 

Во 63-тата Доријан го израмни резултатот на 11:, а во 67-минута и донесе водство на својата екипа од 2:1. Конечниот резултат 3:1 за Дебренец го постави Боди во 73-тата минута.

Со оваа победа и трите освоени бодови, Дебрецен изби на 3.место на табелата со бод повеќе од Пушкаш Академија, а со тоа е на чекор до обезбедување пласман на европската сцена односно Конференциската лига.