Македонската машка одбојкарска репрезентација со нетрпение го очекува стартот на натпреварите во Европската Златна лига, натпреварување што ќе биде своевидно загревање за  Европското првенство на крајот на летово, на кое ко-домаќин ќе биде и Скопје. 

На 100-дена пред големиот настан, а една недела пред стартот на Златната лига селекторот Јошко Миленковски најавува дека неговите пулени со нетрпение ги очекуваат овие натпревари. 

Во Златна лига, македонските одбојкари за противници ќе ги имаат Украина, Белгија и Холандија, додека на Европското првенство (крајот на август – почеток на септември) Македонија е во група со Црна Гора, Полска, Холандија, Чешка и Данска.