Еден од најперспективните кошаркари на денешницата, Виктор Вембањама, најверојатно во Сан Антонио ќе ја започне својата НБА кариера. Ова откако „Спарс“ во лотаријата го добија правото на првиот пик на драфтот, на кој токму 19 годишниот Французин треба да биде прв избор.

За подобро да го запознае светот, НБА дури реши да ги откупи преносите од натпреварите на неговиот тим во францускиот шампионат, каде во текот на сезоната имаше просек од над 20 поени, па не е чудно што американските медиуми, дојдоа до домот на Вембањама во Париз, од каде заедно го го следеа овогодинешниот драфт.

„Отсекогаш сум бил тимски играч.
Ќе направам се што е во моја моќ за да победам што е можно повеќе натпревари.
Сакам да освојам прстен што е можно поскоро, затоа бидете подготвени“,

беше еуфоричен Вембањама откако дозна дека ќе игра во НБА лигата од следната сезона.