Екипата на Работнички е освојувач на фудбалскиот Куп на Македонија во конкуренција на младинци. Во финалето одиграно во Кичево, младите играчи на Работнички ги победија врсниците од тетовска Шкендија со 3:1. 

Голема заслуга за овој успех на младите „романтичари“ има Димитар Данев кој со двата гола, постигнати во првиот дел (14-та и 41-ва минута) им донесе убава предност на своите соиграчи на полувремето со 2:0. 

Во вториот дел, Стефан Ристовски со колот постигнат во 63-минута зголеми на 3:0 и тука веќе се наѕираше исходот на овој дуел.

Иако само пет минути подоцна (68) Лорик Каба намали на 1:3, сепак младите фудбалери од Тетово во продолжението немаа сили ниту да го изранат резултатот, па на крајот сосема заслужено младинците на Работнички се радуваа на победата и трофејот во Купот.