Ракометарите на ПСЖ успеаја да се пласираат на завршниот турнир во Келн откако вечерва и во реваншот го победија бундеслигашот Кил. На домашен терен францускиот тим славеше со 32:29 (17:15), додека на првиот дуел беше 31:27 за француската екипа. Ова за ПСЖ ќе биде шесто учество на Ф4 во Келн.

Гостите од Германија имаа водство само во првите минути од дуелот – 4:3, а потоа ПСЖ со серија од 4-0 го презеде водството со 7:4, а во неколку наврати во првите 30 минути имаше и предност од +4. Во вториот дел ПСЖ имаше и +5 во два наврати (22:17 и 25:20), но тимот на Филип Јиха (Кил) немаше сили за нешто повеќе од тоа што во неколку наврати ја намали негативата на -2.

Еден од клучните фактори за победата беше и голманот на ПСЖ Јаник Грин со 11 одбрани, воглавно кога беше најпотребно. Даинис Кристопанс со 6 голови беше најефикасен на дуелот, додека кај Кил најпрецизен беше Петер Еверби со 5 голови.

Пласман во полуфиналето веќе има обезбедено Магдебург со денешната победа над Висла 30:28.

Утре играат: Киелце – Веспрем (29:29 прв натпревар) и Барселона – ГОГ 37:30.

Завршниот турнир во Келн ќе се игра на 17 и 18.јуни.