Ленс оваа сезона игра одличен фудбал и се наоѓа на втората позиција. На денешната натпревар со Ремс успеаја да стигнат до победа од 2:1 и со играч помалку.

Натпреварот започна лошо за домаќините, а по само 19-минути игра останаа без својот играч Кевин Дансо, кој заработи директен црвен картон.

Освен црвениот картон беше досуден и пенал за Рен, а Фоларин Балугун беше сигурен изведувач и донесе водство за гостинската екипа. Ленс не се предаде и со играч помалку нападна, а нивните напади вродија со плод кога во 40-тата минута беше досуден пенал, а Франковски изедначи на 1:1.

Вториот дел започна со офанзива на домаќинот, а во 56-тата минута Секо Фофана погоди за целосен пресврт и водство од 2:1. Рен до крајот на натпреварот се обидуваше да дојде до израмнување на резултатот, меѓутоа домашната одбрана остана на висина на задачата и успеа до крај до го задржи водството.

Со оваа победа Ленс сега има пет бодови повеќе од трето пласираниот Олимпик Марсеј во трката за втората позиција која носи директен пласман во Лигата на шампионите.

Филип Василевски