Екипата на Вест Хем со пресврт стигнаа до победа над АЗ Алкмар во првиот полуфинален дуел од Конференциската Лига. Со резултат од 2:1, домаќините имаат еден гол предност пред реваншот во Холандија.

Во првото полувреме играта изгледаше премногу избалансирана, со по неколку шанси на двете страни. АЗ Алкмар имаше повеќе среќа во првиот дел, каде во 42.та минута дојдоа до водство со погодокот на Тијани Реијндерс.

Вест Хем ја презема контролата во второто полувреме на „Лондон Стадиум”, и цело полувреме земаше налети. Плод даде пеналот, кој го постигна Бенрама во 67.та минута. А за целосен пресврт, Микел Антонио, во 76.та минута погоди за 2:1.

Вест Хем ќе патува со предност во Холандија каде што ќе се игра реваншот од ова полуфинале. Аз Алкмар на домашен терен ќе тргне со сите сили за резултатски пресврт и билет за финале.

Вториот и одлучувачки дуел се игра следниот четврток со почеток од 21:00 часот.

Андреј Вељановски