Репрезентацијата на Македонија ќе игра во групата заедно со селекциите на: Германија (домаќин), Франција и Швајцарија.

Група А (Дизелдорф/Берлин): Франција, Германија, Македонија, Швајцарија.

Група Б (Мајнхајм): Шпанија, Австрија, Хрватска, Романија.

Група Ц (Минхен): Исланд, Унгарија, Србија, Црна Гора.

Група Д (Берлин): Норвешка, Словенија, Полска, Фарски острови.

Група Е (Мајнхам): Шведска, Холандија, Босна и Херцеговина, Грузија.

Група Ф (Минхен): Данска, Португалија, Чешка, Грција.

Двете првопласирани репрезентации од групите ќе формираат две групи од „главната фаза“ по шест репрезентации.

Извлекувањето на групте се одржа во Меркур Арена во Дизелдорф каде ќе се игра и првиот натпревар на шампионатот на 10.јануари пред 50.000 гледачи.

Во „главната фаза“ натпреварите ќе се играат во градовите Келн и Хамбург, додека финалниот викенд ќе се игра во Келн.

Европското првенство ќе се игра од 10 – 28.јануари 2024 година.

Титулата ќе ја брани селекцијата на Шведска.