Екипата на Скопје ќе биде противник на Вардар во баражот за пласман во Првата лига следната сезона. Ова е исходот во вчера и денеска одиграните натпревари од претпоследното коло во двете конкуренции.

Откако вчера вардарци со ремито против Пелистер го осигураа третото место во Втората лига, а попладнево Скопје беше убедливо совладан на гостувањето во Кавадарци кај Тиквеш. Составот од Автокоманда и дефинитивно останува на претпоследната позиција на табелата без шанси да ја мине екипата на Академија Пандев.

Од останатите денешни натпревари го издвојуваме дебито во Тетово, каде новиот шампион Струга Трим Лум со пресврт славеше победа над Шкендија.

ПРВА ЛИГА 32.КОЛО – РЕЗУЛТАТИ
ШКЕДНИЈА – СТРУГА ТЛ 1-2
ШКУПИ – МАКЕДОНИЈА ЃП 3-0
БРЕГАЛНИЦА – АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ 1-1
СИЛЕКС – РАБОТНИЧКИ 2-0
ТИКВЕШ – СКОПЈЕ 4-0
Слободна е екипата на Победа

ТАБЕЛА
1 СТРУГА 65 бодови
2 ШКУПИ 58
3 ШКЕНДИЈА 54
4 СИЛЕКС 47
5 МАКЕДОНИЈА ЃП 39
6 БРЕГАЛНИЦА 38
7 ТИКВЕШ 37
8 РАБОТНИЧКИ 37
9 АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ 27
10 СКОПЈЕ 22
11 ПОБЕДА 13