Екипата на Олимпијакос и се придружи на Барселона на завршниот „фајнал-фор“ турнир во кошаркарската Евролига.

Откако во првите 15-минути се играше рамноправно, а резултатот беше израмнет 31-31, до крајот на полувремето домаќините направија серија од 13-2 и на пауза заминаа со +11 (
44-33). ваквата предност кошаркарите на Олимпијакос знаеја како да ја сочуваат во второто полувреме и на крајот заслужено да се радуваат на победата и пласманот во полуфиналето.

Атинската екипа ја доби грчко-турската пресметка со Фенербахче кого вечерва на Пиреа го совлада со 84-72 и со 3:2 во победи ја заврши финалната серија. 

Прв стрелец во победничката екипа беше екс играчот на Фенер, Слукас кој постигна 22  поени, додека Везенков додаде 17.

Сега Олимпијакос ќе го чека исходот од утрешната мајсторка во Монте Карло, каде Монако ја пречекува екипата на Макаби Тел Авив.

Барселона пак, час подоцна ќе го дознае својот противник, откако во Мадрид, Реал и Партизин ќе го одиграат својот петти, решавачки натпревар.

„Фајнал-форот“ чиј домаќин ќе биде Каунас ќе се игра од 19 до 21 мај.