Ракометниот викенд е збогатен со завршниот „фајнал-фор“ турнир во пионерска конкуренција. Имено денеска ќе се одиграат завршните натпревари кај за ракометарите родени 2008 годиште.

На турнирот што ќе се игра во малата сала на СЦ „Јане Сандански“ се пласираа екипите на: Аеродром, Голден Арт, Куманово и Еурофарм Пелистер.

Првото полуфинале го играат екипите на Аеродром и Куманово со почеток во 10:30 часот, а ќе го судат Огњановски Марко и Савиќ Дамјан, а во второто меѓу екипите на Голден Арт и Еурофарм Пелистер, е со почеток од 12:30 часот и ќе суди, а двојка та Ѓоргиевски Иво и Наумовски Игор.

Денеска ќе се одиграат и дуелите за медал.

Натпреварот за трето место ќе се игра во 16 часот, а натпреварот за титулата започне во терминот од 18:45 часот.
Во случај некој натпревар од „Ф4“ турнирот да заврши нерешено, директно ќе се пристапи кон изведување на пенали, односно удари од 7 метри.

Сите натпревари може да ги гледате ВО ЖИВО НА ОВОЈ ЛИНК.

Ивона Кимовска